Причината за ваквото паување не е случајна. Во црвена мрежичка портокалите изгледаат „порумено“, односно, попожелно, па и веројатноста дека ќе посакате да ги купите е поголема.
Трговците се служат со трикови и кога станува збор за лимони или за грејпфрут на кои најдобро им одговара бeла или зелена мрежичка.
Не е случајно ни тоа дека корпите во продавниците се сѐ поголеми. Мартин Линдстром, автор на книгата која се занимава со триковите на трговците, вели дека со поголеми корпи купувачите купуваат 19 отсто повеќе.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey