Властите за заштита дивиот свет споделија фотографии од змија со три очи која била пронајдена на автопат во северна Австралија.
Службата за паркови и див свет на северната територија го опиша како чудно откритието кое беше многу споделувано на социјалните мрежи.
Оваа необична змија што го добила името Монти Пајтон е питон, долг околу 40 сантиметри, а била најдена на автопат од возач кому му излегла пред автомобилот.
Човекот избегнал да ја прегази змијата, а потоа застанал да ја види од поблиску бидејќи забележал дека нејзината глава изгледа сосема необично.
Научниците околу оваа појава, дополнително око на еден череп, речиси се согласни и сметаат дека може да се случи доколку животното или во случајов питонот има такви генетски предиспозиции, а притоа во целост ја исклучуваат можноста за формирање на ова око поради надворешни фактори.
– Станува збор за одреден вид деформитет. Влекачите се многу подложни на најразлични деформитети, особено на главата. На овој питон со три очи му се случило токму тоа. Нема причина за грижа ниту за сомнеж за појава на нов вид влекачи со три очи – сметаат научниците што ја истражуваат оваа појава кај питонот.