Златна палма за јапонскиот филм „Крадци“

Филмот „Blackkklansman (Black Klansman)“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки.

53

Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма на 71. Кански фестивал.

Филмот „Blackkklansman (Black Klansman)“ на американскиот режисер Спајк Ли ја доби Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанската режисерка Надин Лабаки.

Наградата за најдобра режија ја доби полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Студена војна“.

Претседателка на овогодишното жири за доделување на Златната палма беше австралиската актерка Кејт Бланшет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...