Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска и го врачи признанието „Златна мапа на Косово“ на директорката на Фондацијата за хуманитарни права од Белград, Наташа Кандиќ.
Харадинај високо го оценил ангажирањето на српската активистка Кандиќ во сферата на човековите права, додавајќи дека асоциацијата која таа ја раководи до сега објавила најточни податоци за убиените лица за време на војната во Косово.
– Да делуваш во една несигурна средина, а да не ги двоиш жртвите според етничката припадност, туку да бараш правда за убиените не е само хуманизам, туку и човечка и граѓанска храброст – изјавил Харадинај заблагодарувајќи и се „за се што сторила за расветлување на вистината“.
Кандиќ е извршна директорка на Центарот за хуманитарно право во Белград, организација за човекови права која е позната по нејзините систематски и непристрасни истраги за кршењата на човековите права.
Според приштински „Експрес“,од почетокот на војните на просторите на поранешна Југославија, во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, оваа организација ги документирала и протестирала против воените злосторстваизвршени во периодот 1991/1999 година,вклучувајќи мачење,злоставување и убивање.