„Златна арена“ за режија на Теона Стругар Митевска

149

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62.Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.

Петочленото жири едногласно ја додели оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот“.
Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а филмот „Петрунија“ во јули ќе учествува на девет фестивали низ целиот свет.
По Пула, „Петрунија“ го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд. 
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...