Златен сарматски лав за Петрунија на фестивалот „Исток и Запад – Класика и авангарда”

138

Продолжува успешниот интернационален пат на „Господ постои, името и е Петрунија”.  Најновата награда доаѓа од Оренбург, Русија, каде на Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад – Класика и авангарда” на Зорица Нушева за улогата на Петрунија и беше доделена наградата Златен сарматски лав за главна женска улога http://east-west-festival.ru.

Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...