Златен глобус 2020: „Брачна приказна“ номинирана во шест „Ирачанин“ во пет категории

Со дури 17 номинации меѓу филмските продуценти е Нетфликс, а следуваат Сони со осум и Дизни и Ворнер Брос со по шест номинации.

248

Во Лос Анџелес се објавени номинациите за филмската награда Златен глобус, кои ќе бидат доделени на 5 јануари 2020 година.

Со дури 17 номинации меѓу филмските продуценти е Нетфликс, а следуваат Сони со осум и Дизни и Ворнер Брос со по шест номинации.

Меѓу телевизиските продуценти доминира Нетфликс, исто така со 17 номинации, НВО има 15 номинации, а Хулу и Прајм Видео по пет.

Најмногу номинации меѓу играните филмови освои „Брачна приказна“ на Нетфликс, која е номинирана во шест категории, „Ирачанин“ на Мартин Скорсезе има пет номинации, како и „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино, додека „Џокер“ на режисерот Тод Филипс и „Двајца папи“ на Фернандо Меирелес освоиле по четири номинации.

Меѓу телевизиските остварувања ситуацијата е малку изедначена. „Чернобил“ (НВО), „Круна“ (Нетфликс) и „Неверојатно“ (Нетфликс) се најдоа на врвот со по четири номинации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...