Зимските убавини на земјава ќе се рекламираат на странски портали и социјални мрежи

Реализацијата на медиумската кампања со која се промовира туристичкиот потенцијал има за цел да ја разбуди и поткрене свесноста на младите, слободни патувачи, за постоењето на земјава како туристичка дестинација.

58

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од декемви годинава до февруари 2020 ќе ги презентира зимските убавини и потенцијали на земјава целосно на интернет, на 20 различни медиуми во девет балкански држави, Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Турција, Романија и Полска. Дел од кампањата ќе бидат презентирани и на социјалсните мрежи.

Ќе се рекламираат Маврово, Пелистер, Берово, Пехчево, Кратово и целата Малешевија, како најсоодветни дестинации за задоволување на потребата од авантура и спортски активности кои во последните години се неизоставен дел од патувањето на младите, индивидуални туристи, кои имаат нескротливиот дух и енергија.

Со концептот 100 отсто онлајн, како што информира Агенцијата, ќе се реализира вториот дел од медиумската кампања која ќе оди и на социјалните мрежи.

–  Изборот за промоција на дестинацијата преку интернет во фокус ги стави помладите генерации и нивно анимирање преку најактивно користените канали на комуникација (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Пинтрест). На овие канали строго ќе се таргетираат оние кои најмасовно ги користат – Millennials и Z генерациите преку хаштагот – ТвојатаСледнаДестинација (#YourNextDestination), соопшти АППТ.

Реализацијата на медиумската кампања со која се промовира туристичкиот потенцијал има за цел да ја разбуди и поткрене свесноста на младите, слободни патувачи, за постоењето на земјава како туристичка дестинација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...