„Зик Зак Пуф“ – танцова претстава за деца

156

Во рамките на програмата на фестивалот Танц Фест ќе се одржи програма за деца, „Танцуваме со Виталија“ во која покрај деца од Македонија, учество ќе земат и деца од Кина и Холандија. Децата од „Аварнес танцовиот театар од градот Лешан од Кина,  денес и утре ќе имаат заеднички работилници за танц со децата од Македонија. На нив Утре ќе им се придружат и децата од „Новиот танцов центар“ од Хаг, Холандија и во 15.30 часот на сцената „Зебра“ ќе имаат заендичка работилница за современ танц.

Во рамките на Танц Фест во петок прв пат ќе биде прикажана танцова претстава за деца, „Зик Зак Пуф“ на Мафалда танцоваата компанија од Швајцарија. Претставата ќе биде во МНТ во 18 часот. Кореографијата на Тереза Ротермберг.

Претставата „Зик Зак Пуф“ е наменета за деца од тригодишна возраст нагоре и нивните родители. Таа е современа колоритна бајка, во која постојат, чудни, различни суштества кои меѓусебно се сретнуваат. Низ заедничко искуство тие сваќаат дека иако се различни тие можат да општат и комуницираат и гледаат предизвик во таа можност. Разбираат дека нивната снага е во здруженоста и заедно ги надминуваат сите препреки и откриваат нови перспективи дури и во најчудните ситуациите. Претставата ни прикажува различни имагинативни карактери, кои низ прецизни епизоди ја раскажуваат приказната и создаваат незаборавна атмосфера и несекојдневно доживување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...