Земјотрес со интензитет од 6,1 степен во Колумбија

53

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала е регистриран во Карипско Море, покрај бреговите на Колумбија и Никарагва, соопшти американскиот Геофизички институт.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри под површината на земјата, на 94 километри од колумбискиот остров Сан Андрес и на 264 километри од никарагванскиот град Пуерто Кабесас, каде живеат околу 33.000 луѓе.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту постои опасност од цунами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...