Земјотрес со интензитет од 6,1 степен на Филипини

65

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен го погоди источниот дел на Филипини, соопшти денеска Американскиот геолошки завод.

Засега нема податоци за причинета материјална штета и евентуални жртви.

Земјотресот, чиј епицентар се наоѓал на длабочина од 80 километри под површината на земјата, го погоди подрачјето на околу 111 километри источно од градот Суригао.

Филипинскиот архипелаг се наоѓа на пацифичкиот Огнен прстен, каде што има чести земјотреси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...