Земјотрес од 7 степени ја стресе Алјаска, повлечено предупредувањето за цунами ВИДЕО

269

Aлјаска ја стресе силен земјотрес од 7 степени со епицентар на длабочина од 41 километри и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.

Засега нема информации за жртви, но некои медиуми пренесуваат дека гувернерот на сојузната држава издал налог за природна катастрофа, а полицијата во Енкориџ соопштила дека потресот причинил голема материјална штета.

Од земјотресот се треселе зградите, а луѓето побегнале од своите станови и канцеларии, објави „Асошиетед прес“.

На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни. На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...