Земјотрес од 4,8 степени во Иран, почувствуван и во Емиратите

88

Земјотрес со јачина од 4,8 степени денеска ја погоди југозападната иранска покраина Кузестан, јави иранската агенција Мер.

Медиумите во регионот јавуваат дека земјотресот бил појак и е почувствуван и во околните земји.

Сеизмолошкиот центар на Геофизичкиот институт во Техеран соопшти дека земјотресот е почувствуван во градот Изех во Кузестан околу еден часот по полноќ по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 15 километри.

Иранската агенција наведува дека засега нема податоци за евентуални жртви или штета.

Весникот „Калиџ тајмс“ од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), повикувајќи се на Националниот центар за метеорологија, објави дека земјотрес со јачина од пет степени, во попладневните часови, го погоди  јужен Иран и дека се почувствувал и во северните делови на ОАЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...