Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистиран минатата ниќ во реонот на грчкиот архипелаг Додеканези, што се наоѓа во близина на турскиот брег.
Според Атинскиот сеизмолошки институт, епицентарот на потресот бил меѓу островите Астипалеја и Аморгос, на 260 километри југозападно од Атина.
Нема информации за жртви или предизвикани материјaлни штети.
Земјотресот со послаб интензитет бил почуствуван и во Атина.
Директорот на Сезмолошкиот институт, Герасимос Хулијарас изјави дека овој земјотрес веројатно претставува „изолирана појава“, имајќи пред вид дека Додеканезите се реон со слаба сеизмичка активност.