Земјотрес со интензитет од 3,6 степени по Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Канада, а бил почуствуван и во Детроит, соопшти американскиот Геолошки институт.
Земјотресот е регистриран во близина на Амерсбург, во покраината Онтарио, град со околу 21 илјада жители.
Засега нема податоци за евентуална материјална штета.