Земјодeлците бараат европски субвенции

Од коморта се залагаат акцент да се стави на развојот на примарното производство кое ќе влијае и на преработувачката индустрија и пласманот на земјоделските производи.

206

Субвенции еднакви на оние во Европската унија и посебни мерки за развој на примарното производство за да се подигне растот на овој сектор, бара Агрокомората при Сојузот на стопански комори.

– Не бараме ништо повеќе од она што го има во Европа каде што 67 отсто од буџетот со години е насочен кон земјоделството, водостопанството и шумарството – изјави претседателот на Агрокомората Огнен Оровчанец.

Според него, земјоделството последниве години има забавен раст како последица на расцепканоста на земјоделски површини, високите цени на репроматеријалите и нафтата, ниската продуктивност и конкурентност како и назаинтересираноста на младите да се занимаваат со оваа дејност.

Од коморта се залагаат акцент да се стави на развојот на примарното производство кое ќе влијае и на преработувачката индустрија и пласманот на земјоделските производи.

– Меѓутоа примарно производство под 50 хектари е секогаш загуба бидејќи не може да ги покрие трошоците. За употреба на агротехнички мерки за подобар квалитет и продуктивност треба да имеме покрупни земјодлески површини- вели Оровчанец.

Според него, не треба да се забрани ниту производството на мали површини како дополнителна дејност.

Од комората се децидни дека треба да се инвестира и во производството на домашен семенски материјал, посебно во делот на житарките каде што, како што беше речено, и во минатото имало добри резултати.

– Над 40 отсто од семенскиот материјал за пѓеница во СФРЈ беше произведен во земјава. Еден период бевме потиснати, но сега веќе се враќаме на тој пазар и се прошируваме. Неколку сорти на пченица веќе се признаени  во Грција, Србија, Бугарија, Албанија и Косово – соопшти Оровчанец.

Деканот на Земјодлескиот факултет Вјекослав Танасковиќ вели дека новите технологии кои се повеќе навлегуваат во земјоделството бараат и образовани земјоделци.

– Факултетот следејќи ги сите предизвици постојано е активен во истражувањата, како мисија во која студентите треба да ги добијат нјновите знаења и на тој начин да се вклучат во глобалниот пазар на трудот – вели Танасковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...