Земјодлеците ќе учат од словенски експерти како да стигнат до европските пари

Покрај денешните искуства кои ги пренесе словенечката платежна агенција, за еден месец се очекува и нов тим од словенија кој директно на терен ќе помага во изготвување на преоктите со кои ќе се аплицира за еврипските пари.

134

Слабата екипираност, недоволната информираност и едукација на земјоделците се клучните причини за ниската искористеност на европските пари. На другата страна, пак, има голема заинтересираност на преработувачката индустрија и земјодлеците да дојдат до овие пари.

Оваа оценка ја даде денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски пред почетокот на конференцијата за менаџирање и искористување на ЕУ фондовите во Стопанската комора на која беа презентирани словенечките искуства.

– Искористеноста на парите од ИПАРД е минимално. Повлечени се само 17 отсто,од нив, а тоа Европската комисија во последниот извештај за напредокот го квалификува како незначително -рече Бабовски.

Очекува проблемите да се надминат и со помош на словенечките експерти.

Тој смета дека на македонскиот аграр му е неопходно модернизирање кое ќе се одвива заедно со прилагодувањето кон европската регулатива.

– Најдобро земјава да се фокусира на правење добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе ѝ овозможи на преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари – рече Бабовски.

Словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, пак, смета дека во процесот на повлекување на пари од европските фондови треба да се вклучат и општините. Верува дека земјава има капацитет, но ѝ треба помош тоа да го реализира.

– Програмата ИПАРД овозможува реализирање голем број мали проекти од 10.000, 20.000 и 50.000 евра што се доволни за општините –вели Јазбец.

Според него, не е лесно да се дојде до европските пари зашто процедурите се комплексни и административно комплицирани.

Искуствата на Агенцијата за земјоделство и рурален развој на Словенија, се дека информатичката технологија може многу да го олесни процесот на административно водење на постапките.

– Платежната агенција на Словенија 99,9 отсто е компјутеризирана и работи електронски. Со тоа го поедноставивме процесот, а нашите корисници добиваат информација за грешките во аплицирањето веднаш, односно во реално време. Во процесот се вклучени ИТ компании кои го изработија софтверот и ги вршат поединечките обработки на податоците, пресметките и распределбата на парите, а Агенцијата за катастар ја води постапката на терен.Државата, пак,го обезбеди хардверот и го контролира целиот процес централизирано – информира, директорот на оваа агенција, Бенедикт Јеранко.

Македонија до 2020 година има на располагање вкупно 80 милиони евра за земјоделството од кои 60 милиони европски пари и 20 милиони домашна поддршка.

За ИПАРД 2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,6 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на земјоделската механизација.

Од Агенцијата најавуваат дека близу два месеца ќе биде распишан нов повик.

– Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ- вели Бабовски.

Покрај денешните искуства кои ги пренесе словенечката платежна агенција, за еден месец се очекува и нов тим од Словенија кој директно на терен ќе помага во изготвување на преоктите со кои ќе се аплицира за еврипските пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...