Околу три илјади земјоделски стопанства поднеле барање за земјоделски субвенции за 2019 година, информираа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и потсетија дека рокот за аплицирање за користење финансиска поддршка е почнат и трае до 30-ти идниот месец.
Во овој период, како што е соопштено, ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, наведуваат во соопштението, дека тековно, согласно Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и согласно календарот и во наредниот период ќе продолжи со исплата на субвенциите на сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа програма.