Земји во кои работната пауза е најдолга

Французите имаат пауза за одмор и ручек помеѓу 14 и 16 часот, исто како и Кинезите.

181

Можеби сте меѓу среќните кои имаат повеќе од 30 минути пауза, колку што вообичаено можат да излезат вработените во најголем дел компании и фирми.

Но, во некои земји имаат доста подолги паузи од таа, на пример кај нашиот сосед на југ.

Шпанците и Грците имаат паузи на работа од по три часа, бидејќи и едните и другите го ценат попладневниот одмор. Во Шпанија оваа пауза се нарекува сиеста. Доколку сте патувале во Грција, сигурно сте забележале дека продавниците често затвораат од 14 до 17 часот.

Французите имаат пауза за одмор и ручек помеѓу 14 и 16 часот, исто како и Кинезите. Исто така и во Бразил имаат двочасовна пауза, која вработениот ја зема за ручек.

Италијанците цврсто веруваат дека за одмор од работа и ручек се потребни најмалку 90 минути.

Љубоморни?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...