Земјата сѐ уште се тресе во Турција

Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу седум километри.

133

Повторно се  тресе земјата во Турција. Земјотрес со јачина од 5,1 степен по рихтеровата скала ја погоди провинцијата Елазиг во источниот дел на земјата. Нема информации за потенцијални жртви и материјална штета.

Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од околу седум километри.

Вчера земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала исто така ја погоди оваа провинција.

Потресот се почувствувал и во соседните земји – Сирија, Либан и Иран. Во земјотресот загинаа 29 луѓе  информира турскиот телевизиски канал ТРТ.

Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди во земјотресот биле повредени 1466 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...