Зелен пазар на генерален штрајк против новите цени на закуп на тезга

Пазарџиите се незадоволни од новиот ценовник и селективниот однос на Скопски пазар кон нив.

456

Пазарџиите од Зелен пазар денеска одржаа предупредувачки генерален штрајк, незадоволни од новиот ценовник и селективниот однос на Скопски пазар кон нив. Со него, велат тие, драстично им се зголемени цените за закуп на тезга. Сепак дел од пазарџиите не се прдиржуваа кон штрајкот и ги услужуваа клиентите.

Пазарџиите се жалат дека Скопски пазар за неколкукратно ги зголемил цените на закупот на тезга во однос на лани кога плаќале по 100 денари.

Според новиот ценовник цената за дневен закуп на тезга е зголемена од 150 на 250 денари. За месечен закуп пазарџиите треба да платат од 2.500 до 7.000 денари во завиност од тоа каде се наоѓа пазарот и самата тезга. Исто така укината е резервацијата во зимскиот период и сега закупците треба да платат цел износ однапред од 5.250 денари.

Ако не се промени нешто во однос на нивните барања, велат тие ќе добијат поддршката и од другите пазари.

Но, иако најавија дека сите тезги денеска ќе бидат затворени дел од тезгите работеа.

Претходно пазарџиите реагираа и на новиот закон за зелени пазари кој требаше да стартува од идната година, а со кој се предвидуваше пазарџиите да обезбедат и лиценци за работа. Владата го повлече законот и најави изработка на нов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...