Претседателот на Украина, Владимир Зеленски го урна светскиот рекорд со прес- конференцијата што траеше 12 часа.
Речиси осум часа по почетокот на прес-конференцијата што се одржа во познат ресторан во центарот на Киев, претставник на украинската агенција за рекорди прогласи рекорд кој сѐ уште не е потврден од некоја меѓународна организација.
Зеленски одговори дека е „скромен“ и не сака слава.
Претходниот рекорд го држеше белорускиот претседател Александар Лукашенко, чија прес-конференција траеше повеќе од седум часа, соопштија украинските медиуми.
Стотици украински и странски новинари се разменија на масата на Зеленски на Фуд Маркетот, каде се служат хамбургери и пици.
Украинскиот претседател се осврна на неколку теми, како што е конфликтот во источна Украина, врските со Русија и телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, за кого Демократите водат истрага во Претставничкиот дом со цел да почнат постапка за негово отповикување.
Зеленски на новинарите им се доверил дека добил инјекции за зајакнување на гласните жици пред маратонската прес конференција.