Зеленски му се јави на Путин и бараше да ослободи уапсени Украинци

427
ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за украинските морнари кои минатиот ноември беа уапсени во Керчкиот залив, соопшти Кабинетот на Зеленски.

“Главна тема беше ослободувањето на уапсените украински морнари. Исто така, разговараа и за ослободување други Украинци кои во моментов се затворени во Русија“, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, двајцата лидери разговарале за натамошните контакти преку нормандиски формат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека иницијатор на разговорот е украинската страна и дека разговарале за решавање на конфликтот во југоисточниот дел на Украина.

Ова е прв разговор на двајцата лидери, откако Зеленски стана претседател на Украина, на 30 мај.

Претходно, денеска Путин порача дека Русија е подготвена за разговори со украинските власти во кој било формат, но дека прво треба да се почека да се формира владата во Киев.

ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...