Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му го предложи на Парламентот адвокатот Алексеј Гончарук да биде избран за функцијата премиер на Украина.
– Зеленски го именува Гончарук како свој предлог на средба со пратеници од неговата партија – изјави пратеникот Андриј Герус, кој е претставник од кабинетот на шефот на државата.
Триесет и пет годишниот Гончарук е адвокат, кој работи за администрацијата на Зеленски.
ФОТО: EPA / TATYANA ZENKOVICH