Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изрази надеж дека санкциите на Европската унија против Русија ќе останат на сила додека украинската територија не биде вратена под контрола на Киев, објави Канцеларијата на украинскиот претседател.
Запад наметна санкции на Москва по руското присоединување на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистичките борци во источна Украина.
– Ви благодарам што ја поддржувавте политиката на санкции против Русија и се надевам дека ќе продолжи се додека украинската територија не биде целосно вратена – им рече Зеленски на шефовите на дипломатиите на Полска и Шведска, кои престојуваа во Киев.