Зелената салата во САД не е безбедна за јадење. Што е со македонската?

Вака Центарот за контрола на болести и превенција, ги предупреди американските потрошувачи, пишува Вашингтон Пост. За безбедноста на зелената салата кај нас го прашавме проф. Владимир Какуринов, претседател на македонската регионална канцеларија на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG)

1092

Зелената салата не е безбедна за јадење во било која форма, предупредиле од Центарот за контрола на болести и превенција (CDC) во САД, како одговор на новото избивање на болести предизвикани од особено опасен тип на контаминација со E. coli.

Центарот ги советува потрошувачите да ја фрлат секоја зелена салата што веќе ја купиле. Рестораните не треба да ја служат, продавниците не треба да ја продаваат, а луѓето не треба да ја купуваат, без разлика каде и кога се одгледувала зелената салата. Не е важно дали е сечкана или пак цела. Треба да се избегнуваат сите зелени салати.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...