„Зегин“ го носи Џенан Лончаревиќ во Берово

240

Во склоп на фестивалот Етно плоштад во Берово ќе настапи големата балканска ѕвезда Џенан Лончаревиќ благодарение на генералниот спонзор на манифестацијата, „Зегин“.

Главната ѕвезда на настанот Џенан Лончаревиќ ќе настапи на последниот ден од фестивалот на 27 август (вторник) со почеток во 22 часот.

„Зегин“ продолжи со спонзорирање на овој фестивал, а изминативе години благодарение на оваа компанија на сцената на Етно плоштад фестивал гостуваа Здравко Чолиќ и Северина.

Фестивалот започнува вечерва во 20 часот на плоштадот „Димитар Беровски“, а ќе заврши на 27 август пред големиот христијански празник Голема Богородица.

Освен Лончаревиќ на фестивалот ќе настапат и други звучни имиња како Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, 2 Бона, Влатко Лозановски, Бени и Нон-стоп, Ефто Пупиновски, Тхе Штекица, ДЈ Сене, Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД Димитар Беровски и други.

Љубителите на традицијата ќе можат да ги посетат и тезгите со здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...