Египетска зоолошка градина не сака да признае дека нивната „зебра“ е обоено магаре. Всушност, никој не ни знаел за ова додека 18-годишниот студент Махмуд Сархан не постирал слика од магарето.
Корисниците на Фејсбук почнале да забележуваат црни дамки, како и други знаци дека тоа е всушност магаре, а не зебра.
– Уште кога прв пат го видов знаев дека е магаре. Ја знам формата на магарето и на зебрата, па беше лесно да се дознае – вели Махмуд.
Сликата стана вирална, но ни тоа не ја натера Зоолошката да признае дека тоа е магаре.