Зголемен прометот во трговијата на мало

102

Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,9 отсто.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво прометот номинално е зголемен за 10,4 отсто, а реално за 7,9 отсто, а во Трговија на мало, освен трговија со горива номиналното зголемување изнесува 9,3 проценти, а реалното 7,5 проценти.

Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, пак, прометот номинално е зголемен за 13,3 отсто, а реално е намален за 4,2 отсто

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...