Зголемен број на нелегални премини од Хрватска во Словенија

91

Во Словенија, во последните два дена приведени се 58 државјани на трети земји, кои нелегално влегле во Словенија од Хрватска, соопшти словенечката полиција.

Нелегалните мигранти се откриени во подрачјата на полициските управи на Копер, Љубљана и Ново Место. Две лица од странците досега побарале азил во Словенија, тројца од нив се вратени на хрватските власти, а за останатите постапките се во тек.

Најмногу мигранти, 37, биле приведени на територијата на Копер и Илирска Бистрица, а меѓу нив се државјани на Еритреја, Пакистан, Косово и Авганистан.

Во подрачјето на Љубљана приведени биле 17 странци од Мароко, Алжир и Авганистан, кои илегално влегле во Словенија, а сите побарале азил, потврди полициската управа на Љубљана.

Според Министерството за внатрешни работи на Словенија, во првите три месеци од оваа година, имало 1.639 нелегални гранични преминувања, со што нивниот број е зголемен за 148 отсто во однос на истиот период минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...