Руското Министерство за одбрана првично соопшти дека зрачењето по несреќата останало на нормалното ниво и дека нема опасност за населението, но градските власти на Северодвинск сега соопштуваат за забележан краткотраен раст на нивото на радијација, пренесуваат британските медиуми.
На жителите на Ниенокс им е препорачано заради можноста опасност од радијација да ги напуштат своите домови сѐ додека траат работите на местото на несреќата. Истовремено, лекарите и медицинскиот персонал кој им помагаше на повредените по несреќата биле испратени во Москва на дополнителни медицински испитувања.
Гринпис тврди дека нивото на зрачење е за 20 пати поголемо, додека руската метеоролошка агенција Роскидромет соопшти дека е забележан раст од четири до 16 пати.
Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинала најмалку пет лица.