Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на говорот во Обединетите Нации предизвика гласно смеење од присутните во салата на Генералното собрание.
Светските медиуми ја пренесоа оваа необична ситуација кога американскиот претседател го започна својот говор со реченицата „за помалку од две години, мојата администрација постигна повеќе од било која во историјата на САД“. Тоа прво предизвика комешање, а многумина од учесниците на Генералното собрание не можеа да се воздржат и почнаа гласно да се смеат. Збунетиот Трамп почна и тој да се смее и рече дека не очекувал вакво нешто, но набрзо продолжи со своето излагање.
– Не очекував ваква реакција, но тоа е нормално – збунето проговори Трамп, па продолжи да зборува за растот на економијата, намалување на невработеноста и други негови успеси.
За тоа време претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ја напушти салата каде се одржуваше Генералното собрание.
Trump now knows what it feels like to have the world laughing at you: #UNGApic.twitter.com/SsD11pcHhc
— Larry the Cat (@Number10cat) September 25, 2018
73rd Session of the United Nations General Assembly #UNGA pic.twitter.com/xJyx7RrH5F
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 25, 2018