За 24 часа во Италија нови 27 мртви од коронавирусот

164

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија се зголеми за 27 во последните 24 часа и сега изнесува 79, соопшти денеска италијанската служба за цивилна заштита.

Вкупниот број заразени во Италија, каде има најголемо жариште на Ковид-19 во Европа, вчера се зголеми од 2.036 на 2.502 лица.

Службата за цивилна заштита соопшти дека 160 лица кои биле први заразени успешно закрепнале.

Вирусот се прошири во Италија пред 12 дена и го зафати северниот дел од земјата, но Ковид-19 сега е регистриран во 19 од 20-те региони на Италија.

Според податоците достапни до 19 часот, во светот има 92.823 инфицирани од Ковид-19, од кои 3.164 починати, а 48.469 се веќе излекувани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...