За 16 месеци во Грција исчезнале 417 деца, а биле пронајдени 354

312

Речиси секој ден, во Грција се пријавува по едно исчезнато дете, но земјата е високо на листата во Европа во однос на пронаоѓањата со 85,95 oтсто успешност за минатата година.

Според податоците од грчката полиција за 16 месеци (2018 и првите четири месеци од 2019) во Грција биле регистрирани 417 исчезнати деца, од кои 354 биле пронајдени, јави дописничката на МИА од Атина.

Минатата година исчезнале 299 деца, а 257 биле пронајдени. Од исчезнатите 123 биле момчиња (96 пронајдени, по 27 се трага) и 176 девојчиња (161 пронајдени, по 15 се трага).

Заклучно со 11 мај годинава, односно за првите четири месеци од 2019, биле регистрирани 118 исчезнувања (45 момчиња, 73 девојчиња), од кои 97 биле пронајдени (39 момчиња, 58 девојчиња).

Мнозинството исчезнати деца имале грчко државјанство (288), а потоа следат оние со албанско (23) и пакистанско (17). Во однос на возраста, најголемиот дел се меѓу 13 и 18 години.

Грчката полиција, податоците ги соопшти на прес конференција организирана од организацијата „Насмевката на детето“ по повод 25 март, Светскиот ден на исчезнати деца.

Според податоците на „Насмевката на детето“, која по барање на надлежните, во случај на исчезнато дете објавува Amber Alert Hellas, во 2018, 191 дете исчезнало, биле пронајдени 118, а 11 пати бил активиран нивниот јавен повик за помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...