За 14,7 милиони евра продадена резиденцијата и амбасадата на СФРЈ во Токио

Недвижноста во Токио има 1.726 квадратни метри и се простира на 938 квадрати земјиште.

292

Во рамки на сукцесијата, по станот на Тито на Менхетн, продадени се и амбасадата и резиденцијата на некогашна СФРЈ во Токио за 14,7 милиони евра.

Согласно Договорот за прашањата на сукцесија, Северна Македонија би требало да добие 8 отсто од таа сума или речиси 1,2 милиони евра, кое на сметка би требало „да легнат“ до почетокот на мај. Договорот за купопродажба бил склучен на 31 јануари, јави денеска весникот „Вечерње новости“.

Недвижноста во Токио има 1.726 квадратни метри и се простира на 938 квадрати земјиште.

„Новости“ наведува дека продолжуваат активностите за продажба на трите преостанати објекти – зградата во која во моментов е сместена српската мисија на ОН во Њујорк и амбасадите во Берн и Бон. За сите три објекти веќе постојат конкретни понуди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...