Буџетот за разузнавањето на САД се зголемил за 11,6 отсто во 2018 година во споредба со минатата година.
Според официјални податоци објавени вчера, САД оваа година обезбедиле 81,5 милијарди долари за граѓанското и военото разузнавање за дома и во странство.
Министерството за одбрана во соопштението посочува дека обезбедениот буџет за разузнавачките активности заклучно со септември изнесува 22,1 милијарди долари. За споредба, тој изнесуваше 18,4 милијарди во 2017 година.
Националната служба за разузнавање на САД објави дека буџетот на граѓанското разузнавање оваа година е 59,4 милијарди долари (во споредба со 54,6 милијарди долари минатата година).
За 11.6 отсто се зголемил буџетот на разузнавачките служби во САД
loading...