За 11 отсто помалку баратели на азил во Германија

Од јануари до септември речиси 110.300 луѓе побарале бегалски статус или право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи.

48

Во првите девет месеци од годинава во Германија азил побарале помалку луѓе во споредба со лани, јави ДПА.

Од јануари до септември речиси 110.300 луѓе побарале бегалски статус или право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тоа е намалување за 11,4 отсто во споредба со првите три квартали од 2018 година.

Речиси 22 отсто од молбите се поврзани со деца на возраст под една година, кои биле родени откако нивните родители пристигнале во Германија.

Главна причина за намалувањето на барањата е тоа што во државата пристигнале помалку луѓе од воени зони како Сирија и Ирак.

До крајот на септември се без одговор се 54.662 барања за азил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...