За успехот во училиште е поважен карактерот од интелигенцијата

Како што вели новото истражување, не е сѐ во интелигенцијата. Кога станува збор за успехот во училиште, тоа не е ниту оддалеку доволно. Многу повеќе влијание има личноста и карактерот на детето отколку интелигенцијата.

261

Артур Поропат, професор по психологија на австралискиот Грифит универзитет го спровел најголемото истражување досега, кое се занимава со врската помеѓу академскиот успех и карактерот на личноста. Тој дознал дека особините на личноста на поединецот е подобар показател на академскиот успех од резултатите на тестот на интелигенција. Учениците кои ги краси совесност, отвореност и емотивна стабилност, имаат најголеми шанси за успех во училиштето.

„Совесноста се однесува на работи како самоконтрола, остварување на поставените цели, амбициозност“ – вели Порпорат. „Но пронајдов уште два фактори од големо значење за успехот во училиште – отвореност (за нови искуства и знаења) која подразбира фантазија, креативност и љубопитство и емотивна стабилност (можност за емотивно прилагодување и смиреност)“.

Учениците кои ги красат овие три особини поминале подобро на тестовите спроведени во рамките на истражувањето.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...