За само 10.000 евра може да си купите МИГ од Албанија.
Официјална Тирана одлучи да продаде и да отпише поголем дел од воздухопловните сили што датираат од времето на социјализмот.
На овие воздушни реликвии да им дадат нов дом изразија желба и музеи и училишта и колекционери.
На голата падина во северниот дел на Албанија се наоѓа база, која е вкопана во срцето на планината. Зад масивните челични врати е скриен дел од пензионираната флота.