Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, според неговите очекувања, најважен настан во следната година да биде одбележувањето на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
– Можам да кажам што ќе биде најважното нешто во следната година. Тоа е 75-годишнината од победата во Големата татковинска војна, а тоа ни е очигледно на сите, рече Путин – пренесен од руските медиуми.
Според него, годината во заминување била работна.
– Важно е да се проанализира се што се случи во годината во заминување, а потоа ќе можеме да кажеме што беше најважниот настан во животот на земјата на секој човек – рече Путин пренесува Б92. нет.
Рускиот претседател додаде и дека кога ќе почне новиот ден, тој заборава како завршил претходниот, напоменувајќи дека е така и со секоја нова година.