За половина година Трајчевски потрошил 223.527 денари

326

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата,  Зоран Трајчевски за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 годин, соопшти Агенцијата.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во првата половина на годинава има направено трошоци во вкупен износ од 223.527 денари.

За патувања во странство Трајчевски потрошил 151.025 денари, од кои за авионски билети 90.016 денари, за хотелско сместување 61.009 денари.

За репрезентација во земјава директорот потрошил 55.630 денари и тоа 24.790 за угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми и други угостителски услуги 30.840 денари.

За службен мобилен телефон Трајчевски потрошил 16.872 денари.

Ова е втор извештај на Агенцијата за трошоците на директорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...