Бројот на туристите во февруари годинава бил 41.182, што е зголемувања за 11,7 отсто во однос на истиот месец лани. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 11,8 отсто и во февруари 2018 изнесувал 89.301.
Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари 2018 во однос на февруари 2017 е зголемен за 8,1 отсто, а на странските за 13,8. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е зголемен за 25,4 проценти, а на ноќевањата на странските за 4,3.
Бројот на туристи покажува раст и во периодот јануари – февруари 2018 година во однос на истиот период лани. Зголемувањето е 13 отсто или кај домашните 6,3 а кај странските 17,4. Во овој споредбен период е зголемен и бројот на ноќевањата, за 17,2 отсто – кај домашните туристи за 17, а кај странските за 17,4.