За околу 50 милиони евра измамени лани германските власти

66

Криминални групи минатата година ја измамиле германската влада со незаконско исплатенa помош за невработени во вкупен износ од околу 50 милиони евра, пишува весникот „Рајнише пост”, кој се повикува на одговор на прашање поднесено од страна на опозицијата во Бундестагот.

-Врз основа на произволно направени извештаи Федералната агенција за вработување проценува дека криминални прекршоци во системот довеле до финансиски штети од околу 50 милиони евра – пишува весникот. 

Злоупотребата на помош, што се должи на организиран криминал, за првпат беше утврдена минатата година преку инспекција во регионалните центри на Агенцијата за вработување.

Криминалните групи систематски поднесувале лажни изјави на членовите на семејството, регистрација на адреса или вработување со скратено работно време, за да добијат надомест за невработени. 

Документирани се и индивидуални прекршоци, и заедно со нив загубата е над 100 милиони евра минатата година.

Во 2017 година вкупниот број на случаи со бесправно добивање на помош за невработеност е 119.541, помалку од утврдените 121.464 во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...