Британскиот град Салисбери, каде се случи труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, е избран за најдобро место за живеење во Велика Британија.
Титулата на овој град му ја додели „Сандеј тајмс“, зошто на нападот со нервен гас, одговорил со вистински колективен дух.
– Салисбери покажа вистински колективен дух во соочувањето со хемискиот напад, кој го доведе градот на светските наслвни страници, поради погрешна причина – соопштила уредничката на „Сандеј тајмс“, Хелен Дејвис.
„И натаму постојат делови на градот каде е продолжено чистењето, но тоа што жителите по сетот тоа излегоа уште посилни е знак за многу посебна заедница“, додала Дејвис.
Таа нагласила дека на првото место го ставиле овој град и поради неговото блиско крајбрежно подрачје, селата и Лондон, како и поради неговите силни образовни и културни институции.