Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за најавата од Европската Унија за воведување на конечни заштитни мерки за челични производи и го задолжи Секретаријатот за европски прашања, во координација со Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии, Царинската управа и Кабинетот на ЗПВРМ за економски прашања, да го подготви барањето за консултации со Европската комисија и да го достави до Постојаната Мисија на РМ во Женева, најдоцна до 27.12.2018 година, информираа од Владата на РМ која денеска ја одржа 112-та седница.
Владата денеска реши и да се организира средба со засегнатите компании од анти-дампинг постапката за челични производи отворена од страна на ЕУ, најдоцна до 20. јануари 2019 година, за усогласување на решенија од воведувањето на заштитните мерки.