Војвотката Меган Маркл планира да прекриши уште едно правило и донесе одлука да се породи дома, што може да ги разлути членовите на кралското семејстви, пренесуваа британските медиуми.
Извори за „Венити фер“ велат дека Меган сака поинакво искуство од своите претходничкии дека двојката размислува за други опции, наведувајќи дека можеби бебето нема да го роди во приватното породувалиште каде се родени принцовите Вилијам и Хари и каде Кејт Мидлтон ги роди своите три деца.
Пациентите плаќаат повеќе од 7.500 фунти за привилегијата да се породат во болницата „Линдо винг“, каде на менито е и најфино шампањско.
Иако Мидлтон се породи во болница, втората кралска снаа Меган сака да се породи дома. Ако тоа и успее ќе биде прва која тоа го направила.
Се уште не е јасно зошто одлучила да се пораѓа дома, а се шпекулира дека сака да ги избегне фотографите кои редовно ги пречекуваат кралските родилки пред болницата, кога си одат дома со бебето.