За крофна-бургерот чекаа редици луѓе

657

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондончани и извесен период имаше долги редици пред угостителскиот објект каде што се продава, за да се купи овој производ.

Менаџерот на овој бар во Лондон, Ентони Најт, наведува дека за да го усовршат рецептот им биле потребни четири недели во кој оствариле лош комерцијален успех.

-Во тој период направивме само околку 400 крофна-бургери. Но, потоа за првата седмица продадовме над 1.300 парчиња. А викендот луѓето буквално чекаа надвор во редици за да го пробаат нашиот бургер – истакна Најт.

Крофна-бургерот се прави на тој начин што во тесто за крофни се ставаат кашкавал, плескавица, кисели краставички, сос и сланина, потоа тоа се затвора како крофна и се пржи во жешко масло. Откако ќе се извади во него се вбризгува кечап, а потоа се попрскува со шеќер во прав.

Цената на една порција, која вклучува и помфрит, чини 17 евра.

Според клиентите овој вид на брза храна е многу вкусен, бидејќи претставува совршен спој на различни текстури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...