За исти пари ќе се јаде свинско за Велигден и Први мај

297

Цената на свинското месо на македонскиот пазар нема да се зголеми за Велигден и Први мај, објави Групацијата на одгледувачи свињи.

Според Ефтим Шаклев од Групацијата, производителите сакаат македонските граѓани претстојните празници да ги поминат релаксирано и со богата трпеза. Цената не ја зголемуваат и покрај тоа што во соседните земји и во земјите на ЕУ порасна за минимум 30 отсто.

– Зголемувањето на цената на европскиот пазар за минимум 30 отсто се должи на големата побарувачка на свинско месо од Кина. Штом има побарувачка, расте и цената – изјави Шаклев.

Тој засега не открива дали по празниците ќе има поскапување, само вели дека договори ќе има.

Производителите остануваат на барањето за декларацијата на месото во угостителските објекти и продавниците, а своите решенија заедно со Организација на потрошувачи ќе ги презентираат по претседателските избори. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...