За инвертер-клими во домаќинствата во четири општини 620 милиони денари

474

На седница на Владата денеска се усвоени и измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање нови зелени урбани површини.

– Од овие средства, 620.000.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива со високоефикасни инврертер-клими за 10 000 домаќинства, соопшти владината прес-служба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...