Мислите дека со храната не можете да влијаете на здравјето на белите дробови? Се лажете! Научниците докажале дека во многу краток рок одредени производи помагаат за зачувување на здравјето на белите дробови.
Научниците тврдат дека цитронот, бананата, рибата и сирењето можат да им помогнат на луѓето кои се борат против болести на белите дробови. Поточно, тие пронашле поврзаност меѓу овие производи и хронично опструктивната болест на белите дробови (ХОББ).
Експертите спровеле тригодишно истражување, со кое се обиделе да откријат на кој начин исхраната помага или не кај најчестите проблеми со белите дробови. На испитаниците со хронично заболување на белите дробови, кои јаделе цитрони, банани, риба и сирење, состојбата им се подобрила во рок од 24 часа.
Поради ваквите откритија, лекарите им советуваат на лицата кои страдаат од хронично опструктивни болести на белите дробови, поинаков начин на исхрана којашто ќе им помогне при лекувањето.
Имено, хронично опструктивната белодробна болест е сè почеста појава во модерното општество. Проблемот лежи во тоа што доцна се открива, бидејќи повеќето луѓе не обрнуваат внимание на симптомите. Најчест симптом е кашлицата, но луѓето главно мислат дека станува збор за минлива настинка, алергии или, пак, за пушачка кашлица. Ако не се лекува, хроничната опструктивна белодробна болест може да предизвика сериозни проблеми, затоа е неопходно да се води сметка за здравјето на белите дробови.